РЕТКИ БОЛЕСТИ: ГУДПАСТЕРОВ СИНДРОМ Обилно крварење во белите дробови и воспаление на гломерулите

Кај овој синдром, имунитетот создава антитела кои ги напаѓаат малите крвни садови, капилари кои се наоѓаат во белите дробови и бубрезите, притоа предизвикувајќи гломерулонефрит и бубрежна слабост, како и крварење во белите дробови.

211

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, четврта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…






Гудпастеров синдром/Goodpasture syndrome

МКБ: М 31.0 + N 08.5

Преваленца/распространетост: 1-9/1.000.000

Гудпастеровиот синдром претставува група акутни заболувања кои ги зафаќаат белите дробови и бубрезите, а во чија основа е автоимуно пореметување. Нормално, имунолошкиот систем создава антитела со цел да се одбрани од надворешните микроби. Но, кај овој синдром, имунитетот создава антитела кои ги напаѓаат малите крвни садови, капилари кои се наоѓаат во белите дробови и бубрезите, притоа предизвикувајќи гломерулонефрит и бубрежна слабост, како и крварење во белите дробови.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини