Ретката бура Јанос ја потопи Грција (ФОТО+ВИДЕО)

Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардитса биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

1,605

Три лица загинаа поради силната бура која во текот на викендот ја зафати Грција. Се работи за бурата Јанос која буквално корнеше дрва и ги остави без електрична енергија јонските острови и западен Пелопонез.

Бурата, која инаку е од многу редок вид, потоа се прошири и во централна Грција, погодувајќи ги градовите Кардитса и Фарсале, а ништо подобро не помина ниту Крит.

Експертите проценуваат дека на подрачјето на Кардитса биле поплавени 5.000 куќи. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.

Погледнете каква штета е нанесена:

Поврзани содржини