Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23.30 часот.
Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.