РЕСТОРАНИТЕ СО КЛУЧ НА ВРАТА ВО 22 ЧАСОТ, НАТПРЕВАРИТЕ БЕЗ ГЛЕДАЧИ Бугарија со нови мерки од 7 септември
Во рамките на новите ограничувања, кои ќе бидат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, додека кината и театрите ќе мора да работат со 50 отсто од капацитетот.
Рестораните и баровите во Бугарија ќе се затвораат во 22 часот од 7 септември, а спортските натпревари во салите ќе се одржуваат без гледачи, изјавил бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.
– Нема место за паника. Ситуацијата е сериозна, но е под контрола. Нискиот процент на вакцинирани не присилува да ги воведеме овие мерки – вели министерот, пренесува Ројтерс.
Тој повторно апелира граѓаните да се вакцинираат.
Во рамките на новите ограничувања, кои ќе бидат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, додека кината и театрите ќе мора да работат со 50 отсто од капацитетот.
Во Бугарија изминативе недели се регистрира скок на заразени и само денес се регистрирани 1.745 нови случаи.