Ресторан над облаците

Оваа навистина брилијантна идеја засега постои само на компјутер, но се надеваме дека наскоро ќе стане реалност. Можете ли да замислите колку би било убаво да се вечера во вакви ресторани?!

197

Овие прекрасни бамбусови ресторани инспирирани од билки и од животни на брилијантниот архитект Тилина Лијанаџ од Коломбо, Шри Ланка, се всушност спектакуларни визуелизации на ресторани.

Слонови, клунови од пеликани закачени на карпи, тигри или егзотични билки, се концептите на ресторани создадени од ексцентричниот архитект Тилина Лијанаџ кои ве оставаат буквално без здив.






Во својот последен проект, брилијантниот архитект од Шри Ланка замислил ресторан во природата наменет за мали групи луѓе кои би можеле да вечераат среде планини. Ова е Sky Treetop ресторан во форма на клун од пеликан инспириран од егзотична месојадна билка. Оригиналниот Скај ресторан има подлога како брод и малку подигнат покрив, со поглед кој го одзема здивот.

Користењето на закривен бамбус за структурата помага да му се даде тропски изглед како контраст на околните планини.

Навистина брилијантна идеја која засега постои само на компјутер, но за која се надеваме дека наскоро ќе стане реалност. Можете ли да замислите колку би било убаво да се вечера во вакви ресторани?!

Фото: amazingarchitecture

Поврзани содржини