📽 РЕШИ ДА СЕ ОПУШТИ, ПА ПРЕТЕРА Јокиќ игра пијан на улица!

Во лавината коментари кои пристигнаа на сметката на Јокиќ, некои се пошегуваа дека кошаркарот ја „залил“ победата на српската репрезентација против Кина на Мундобаскетот.

943

 

Никола Јокиќ реши да го прескокне Светското првенство и обврските со српската репрезентација за да се одмори од напорната сезона. Но, кошаркарот на Денвер нагетс изгледа се опуштил и премногу, па многу симпатии за српскиот кошаркар се претворија во осуда.






Овој пат Јокиќ е снимен како поминува време со трубачи – на сред улица.

Тој го запира сообраќајот и игра на сред улица во алкохолизирана состојба. На видеото кое се појави на социјалните мрежи во неделата се гледаат неколку автомобили кои чекаат да поминат.

Случајни минувачи ги вклучиле камерите на телефоните и го снимиле моментот кога дошле неговите пријатели и го тргнале од улицата кошаркарот на Денвер, кој според однесувањето очигледно е малку поднапиен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportmaniak (@sportmaniak__)

Во лавината коментари кои пристигнаа на сметката на Јокиќ, некои се пошегуваа дека кошаркарот ја „залил“ победата на српската репрезентација против Кина на Мундобаскетот.

Поврзани содржини