🎥 РЕШЕТЕ ГИ НАВРЕМЕ ВНАТРЕШНИТЕ КОНФЛИКТИ Инспиративен разговор во поткастот на dm посветен на менталното здравје

Двете гостински кои ќе ве воодушеват со своите приказни се Бојана Стојменовиќ Петровска - психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска - дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.

236

Слушателите на dm поткастот, овој пат ги очекува искрена и интересна диксусија на темата „Колку и како се грижиме за менталното здравје?“. Во оваа епизода ќе ги слушнете советите и искуствата на две познати дами, заедно со водителката Ана Јовковска.

Со намера да се истакне важноста за грижата за менталното здравје, dm со задоволство ја објавува третата епизода од сопствениот поткаст која е посветена на менталното здравје на жените. Двете гостински кои ќе ве воодушеват со своите приказни се Бојана Стојменовиќ Петровска – психолог, семеен и системски советник и Дона Неделковска – дипломирана докторка по дентална медицина, фотографка и креаторка на содржини.






Оваа епизода која излезе овој петок, на 9 август, низ повеќе од 1 час ќе ви стане новиот омилен извор на инспирација за одржување на вашата ментална хигиена и ќе ве охрабри да гледате на животот на еден малку поинаков, позитивен начин.

Дона Неделковска искрено раскажа дел од својата приказна и ги охрабри гледачите да започнат да размислуваат за тоа зошто е важно да ги решат навреме нивните внатрешни конфликти.

– Самиот живот и насоката во која животот се движи, можеби би бил поразличен доколку порано, навреме сме побарале помош или рано сме ги решиле внатрешните конфликти и емоции и сѐ што сакаме во животот – вака се добива нова насока. Јас го сменив мојот живот од корен откако ми се случи тоа, но зошто чекав да се случи нешто големо за јас да направам промена? – рече Дона.

Бојана Стојменовиќ-Петровска која е позната по својот Instagram профил Мој психолог даде ново гледиште на поврзаноста меѓу менталното и физичкото здравје велејќи:

– Јас многу пати велам дека менталното и физичкото здравје се како една иста паричка со две страни – како и да свртиме, тоа сме ние и не можеме никако да ги набљудуваме засебно или посебно, туку мораме да ги гледаме заедно.

Ве интересира и за кои други теми разговараа гостинките во поткастот? Изгледајте ја целата епизода тука:

Серијата од епизоди на dm поткастот ни носи богато знаење и стручни совети, истакнувајќи ги различните перспективи на предизвиците и триумфите со кои се соочуваат жените во својот живот. Сите епизоди може да ги изгледате на YouTube каналот на dm!

 

Поврзани содржини