РЕШЕНИЕТО Е ДА СЕ СОЗДАДАТ ДВЕ ДРЖАВИ – ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА Папата Франциск повика Ерусалим да добие посебен статус

Тоа се две нации кои мора да живеат заедно. Со мудро решение во две држави. Во согласност со договорите од Осло, две добро дефинирани држави и Ерусалим со посебен статус - вели папата Франциск.

328

За да се стави крај на војните како сегашната во Појасот Газа, потребно е решение кое ќе изнедри две држави за Израел и за Палестина, изјави денеска папата Франциск. Тој воедно, повика светиот град Ерусалим да добие посебен статус.

Во интервју за информативниот канал TG1 на италијанската државна телевизија РАИ, папата Франциск исто така рече дека се надева дека ќе се избегне регионална ескалација на конфликтот, кој започна кога милитантите на Хамас влегоа во Израел, убивајќи околу 1.400 Израелци, главно цивили, а зедоа околу 230 заложници.






-Тоа се две нации кои мора да живеат заедно. Со мудро решение во две држави. Во согласност со договорите од Осло, две добро дефинирани држави и Ерусалим со посебен статус – рече Франциск во интервју за италијански RAI.

Во 1993 година, израелскиот премиер Јицак Рабин и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат се ракуваа додека се спогодија за договорите од Осло со кои се воспостави ограничена палестинска автономија.

Израел го окупира арапскиот источен Ерусалим во 1967 година, а во 1980 година го прогласи целиот град за „обединета и вечна престолнина“.

Во исто време, Палестинците го гледаат источниот дел на градот како главен град на нивната евентуална идна држава.

Израел доследно ги одбива сите предлозите според кои градот, свет за сите монотеистички религии – христијаните, муслиманите и Евреите, може да има посебен или меѓународен статус.

 

Поврзани содржини