РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА ЗА БЕБЕТО НА СУПЕРМОДЕЛОТ Наоми сама ја откри тајната за која се шпекулираше долго време
Еден од најуспешните супермодели на сите времиња, Наоми Кемпбел (51) во едно интервју конечно проговори за мајчинството.
Таа отворено зборуваше за својот приватен живот за „Кат“ и прита откри дека, благодарение на сурогат-мајка ја добила ќерката, чие име сѐ уште не е познато во јавноста.
Супермоделот се осврна и на темите поврзани со бракот.
– Силна сум, но исто така и многу полна со емоции. Знам дека во врската морам да пронајдам компромис – рекла манекенката.
Наоми во 1993 година кратко беше свршена со басистот на бендот „Ју Ту“, Адам Клејтон, а потоа и со контроверзниот италијански претприемач Флавио Бриаторе. Таа беше во врска и со оскаровецот Роберт де Ниро, а неколку години се забавуваше со рускиот милијардер Владислав Доронин.
Манекенката рано одлучила целосно да се посвети на кариерата, поради што нејзиниот приватен живот честопати страдал.
Меѓутоа, Наоми во мај годинава на Инстаграм го објави раѓањето на девојчето и истакна дека со тоа го остварила долгоочекуваниот сон. Името на девојчето како и на нејзиниот татко не се познати во јавноста.
Супермоделот, исто така, сѐ уште не го покажува лицето на малото девојче.