🎥 РЕПУБЛИКАНЦИТЕ СЕЧЕА ТОРТА ВО ОБЛИК НА ГРЕНЛАНД Беше декорирана со боите на американското знаме
Истата вечер еден од републиканските конгресмени доби награда затоа што поднел аманман со кој на претседателот Доналд Трамп би му се овозможило да се кандидара за трет мандат.
На забава што се одржа во вторникот во Вашингтон, на група републикански пратеници им беше послужена торта во облик на Гренланд, покриена со американско знаме.
Во видео од настанот, може да се слушне како домаќинот им вели на гостите: „Дојдете овде, сликајте се и исечете ја тортата“. Тој ја опишува тортата како „51. држава“.
На видеото се гледа претставничката Ана Паулина Луна од Флорида како го сече првото парче од тортата.
Републиканските претставници Абе Хамадех од Аризона и Енди Оглс од Тенеси исто така беа на настанот. Во еден момент од вечерта, Оглс доби награда за амандман што го предложи, со кој ќе му се овозможи на 79-годишниот Трамп да се кандидира за трет мандат.
HOLY SH*T Members of Congress cut a Greenland cake that has the America Flag on it. LET’S GO 🔥
— MAGA Voice (@MAGAVoice) January 21, 2026