РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ НОСИ НОВ УСТАВ Нацртот треба да влезе во итна постапка во Народното собрание

Премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ изјави дека новиот устав ќе биде во согласност со Дејтонскиот мировен договор.

359

Предлогот за нов устав на Република Српска(РС) треба да влезе по итна постапка во Народното собрание на РС, откако синоќа 50 пратеници го усвоија предлогот за усвојување, седуммина беа против и двајца беа воздржани.

Претседателот на собранието Ненад Стефандиќ предложи на дневен ред да се најдат Нацрт Уставот, како и предлог-законот за заштита на уставниот поредок на РС, на предлог на претседателот на РС, Милорад Додик.






Според премиерот на РС Радован Вишковиќ Уставот ќе биде во целосна согласност со Дејтонскиот мировен договор. Тој вели дека институциите на РС се подготвени да разговараат со претставниците на бошњачкиот и хрватскиот народ за да ги заштитат правата и слободите на овие народи.

Вишковиќ додаде дека не е проблем да се задржат Советот на народите и потпретседателите на Република Српска во новиот Устав, туку дека мора да се утврди што претставува витален интерес и дека веќе нема можност за злоупотреба.

– Ние сме имале само злоупотреби. Некој кој себеси се нарекува потпретседател на Република Српска, без разлика од која нација доаѓа, мора да ги штити интересите на Република Српска – рече премиерот на РС.

 

Поврзани содржини