„РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ БИДЕ ИЗОЛИРАНА“ Стејт Департментот му прати порака на Милорад Додик
Предупредувањето од Ескобар доаѓа во момент кога претставниците на босанските Срби ја блокираат работата на централните власти на БиХ, обидувајќи се да изнудат укинување на законот за забрана на негирање на воените злосторства, воведен од поранешниот висок претставник во БиХ, Валентин Инцко. Мирослав Додик постојано се заканува дека ќе ја повлече РС од најважните реформи спроведени на државно ниво, меѓу кои е и формирањето на вооружените сили на БиХ.
Босанските Срби од Република Српска можат да бидат доведени во целосна изолација и економски очај ако продолжат „анти-Дејтонските“ политики на нивниот претставник во Претседателството на БиХ, му порачале на Мирослав Додик од американскиот Стејт Департмент на заедничка средба, дознава МИА.
Во Твитер-објава на американската амбасада во Босна и Херцеговина се пренесува што точно му рекол Габриел Ескобар, претставникот на Стејт Департментот за Западен Балкан на Додик.
DAS Gabriel Escobar spoke with Serb Member of the BiH Presidency Milorad Dodik today to convey the U.S. position that threats of secession and rolling back reforms to state level institutions are anti-Dayton and offer RS citizens nothing but isolation and economic despair: ⬇️ pic.twitter.com/bk4536D5OR
— US Embassy Sarajevo (@USEmbassySJJ) September 30, 2021
„Заканите за отцепување и доведување во прашање на реформите на државно ниво се анти-дејтонски и можат само да донесат изолација и економски очај кај граѓаните на Република Српска“, порача Ескобар.
Ескобар во моментов е највисок функционер на Стеј Департментот во земјите од Западен Балкан. Тој ја презеде функцијата претходно овој месец од Метју Палмер, кому му беше доделена задача да се справи со проблемот на реформа на изборниот систем во БиХ, пренесува Хина.
Според објавата на Твитер, Ескобар ја повтори силната посветеност на САД кон суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ како единствена земја во која и Република Српска и Федерацијата БиХ и Округот Брчко се попросперитетни и посигурни кога лидерите се борат против корупцијата, го зајакнуваат интегритетот и правичноста на изборите во БиХ и продолжување напред со реформите што носат економско закрепнување.
Предупредувањето од Ескобар доаѓа во момент кога претставниците на босанските Срби ја блокираат работата на централните власти на БиХ, обидувајќи се да изнудат укинување на законот за забрана на негирање на воените злосторства, воведен од поранешниот висок претставник во БиХ, Валентин Инцко.
Тие, исто така, се обидуваат да го спречат Кристијан Шмит да дејствува како актуелен висок претставник на меѓународната заедница, бидејќи сметаат дека тој е незаконски назначен на функцијата.
Во исто време, самиот Додик постојано се заканува дека ќе ја повлече РС од најважните реформи спроведени на државно ниво, како што се формирањето на вооружените сили на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет, Судот и Обвинителството на БиХ и државната Агенција за истраги и заштита (СИПА).