Репродуктивната вредност на ковид-19 во Германија се зголеми на дури 2,78

Германија го сведе овој индекс на 0,86, но потоа почна да се зголемува на 1,06, па 1,79 и сега изнесува 2,78, што значи дека еден заболен заразува во просек по 2,78 лица.

367

Новите жаришта на коронавирус во Германија придонесоа за нова рекордна вредност на вирусот во таа земја од 2,78. Таканаречената Р-вредност покажува колку едно заболено лице може да зарази други луѓе.

Германија го сведе овој индекс на 0,86, но потоа почна да се зголемува на 1,06, па 1,79 и сега изнесува 2,78, што значи дека еден заболен заразува во просек по 2,78 лица.






Причина за зголемување на вредноста на стапката на зараза се жариштата во концернот „Тунис“, како и во зграда во Гетинген, Берлин и Магдебург.

За заразата да се држи под контрола неопходно е Р-вредноста да биде под 1,0.

Поврзани содржини