Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва информира дека во две општини ќе се повтори целата изборна постапка.
– Во две општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша поради неисполнување на законскиот услов, една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка спорд чл.132 ст.2 од Изборниот законик – соопшти Даштевски.