„Реплек“ ќе исплати дивиденда во вкупна вредност од 1,7 милиони евра
За исплата на дивидендата компанијата ќе ги користи парите од тековната добивка во износ од 79.737.709 денари и законските резерви во износ од 28.296.851 денар.
Компанијата „Реплек“ ќе исплати дивиденда за 2019 година во вкупен износ од 108.034.560 денари (1,7 милиони евра), информира компанијата преку Македонска берза.
Како што е соопштено нето износот што ќе се исплатува за една акција е 3.751 денари или бруто 4.168 денари по акција.
За исплата на дивидендата компанијата ќе ги користи парите од тековната добивка во износ од 79.737.709 денари и законските резерви во износ од 28.296.851 денар.
Главната дејност на акционерското друштво Реплек е производство и продажба на лекови, како и трговија и угостителство. Во состав на друштвото се „Реплек фарм“, маркетите Реплек и клуб ресторанот „Ден и Ноќ“.