Реновирала, па под тапетите нашла порака стара 23 години: Сопственикот бил навистина бесен ФОТО

1,488

Шарлот Морисон од Австралија наишла на необична глетка во текот на реновирањето на својата куќа. Додека ги вадела тапетите од sидовите, здогледала порака стара 23 години, пишува „Фокс њуз“.

Пораката е напишана во 1997 година неколку дена пред Божик (21 декември) од страна на тогашниот сопственик на куќата, Џон.






„Ако треба повторно да ставате тапети во оваа соба, ќе ви требаат осум ролни тапети. Јас купив само шест за 17 долари по ролна на 5 декември 1997 година, и немав доволно. Тоа ме збесна“, пишува во пораката.

Жената ја објавила фотографијата од пораката на социјалните мрежи и собрала повеќе од 18.000 лајкови.

 | Autor : Facebook

ФОТО: Фејсбук

 

Поврзани содржини