Ренова потврди: Имаме четворица позитивни, имињата не ги криеме, чекаме втор тест

418

Фудбалскиот клуб Ренова преку својот официјален клупски Фејсбук прфил ги потврди шпекулациите дека има заразени со коронавирус во нејзините редови.

– Сакаме да ве информираме дека вестите штоги прочитавте денес се вистинити, за жал во нашиот клуб имаме 4 повитивни случаи на ковид -19. Имињата на луѓето ќе ги има следните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да се докажат. Целиот тим на ФК Ренова откажа каква било активност се додека немаме препораки од надлежните органи. Сега со нас како клуб и како семејство не ни е грижа дали ќе се игра овој шампионат или не, туку се грижиме само за здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици – стои во соопштението на Ренова.






Покрај Ренова, заразени со коронавирусот има и во Шкендија. Во редовите на тетовци станува збор за две заразени лица.

Поврзани содржини