„РЕНОТО“ И „ЦИТРОЕНОТ“ СЕ ДВИЖЕЛЕ ЗАЕДНО ОД ВЕЛЕС КОН СКОПЈЕ ДЕНТА КОГА БИЛ УБИЕН ПАНЧЕ Снимени се од неколку камери
На видео запис од безбедносни камери од хотелот „Романтик“, кај езерото Младост, во 10.15 часот се забележува како поминува „рено кангу“ од Велес кон Скопје. По некое време по „реното“ поминува „цитроенот“ на Панче Жежоски.
На денешното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа презентирани видео снимки од движењето на возилата „рено кангу“ и „цитроен“ на 22 ноември 2023 година, дента кога е убиен велешанецот Жежовски.
На видео запис од безбедносна камера на куќа која се наоѓа на улица Академик Пенчо Дапчев бр. 23 се гледа како во 10.05 часот поминува „рено канго“, а по неколку секунди поминува „цитроенот“.
На видео запис од безбедносни камери од хотелот „Романтик“, кај езерото Младост, во 10.15 часот се забележува како поминува „рено кангу“ од Велес кон Скопје. По некое време по „реното“ поминува „цитроенот“ на Панче Жежоски.
Од друга камера од истиот хотел, исто така се забележува „реното“. Совозачот носи црна облека со бели линии. По него поминува „цитроенот“.