ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА ДУРИ В ПЕТОК Снег во четврток, за викенд пак врнежи

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 14 степени.

3,099

Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 14 степени.






Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни.

Температурите ќе бидат во опаѓање.

Поврзани содржини