Ременски: Нека се договорат и да ги прифатам сите обвиненија против Мијалков, Орце, Гордана, Груевски
Фросина Ременски, реагира на Фејсбук, откако денеска Основниот кривичен суд Скопје објави дека e oдобрено во целост обвинението против „Меѓународен сојуз„ на Бојан Јовановски и уште пет други лица за измама и перење пари.
„Очекувано беше ова пропагандно изнудено обвинение во многу интересни периоди и многу „случајни” датуми. Ова е начинот на кој се отслукува немоќта,сервилноста на тие што гонат, да ги ловат и обвинуваат вистинските криминалци (ако смеат), но ќе мора сакале или не. До главната расправа нека се договорат сите каде треба да потпишам и да ги прифатам сите обвиненија против Мијалков, Орце, Гордана, Груевски и др., за да не се мачат, еве професорката ќе одговара за сите. Знам дека ќе победам и знам дека срамот ќе им биде голем !“, пишува Ременски.