„РЕКОВМЕ ДА“ Ребел Вилсон ја запроси својата девојка во Дизниленд (ФОТО)

Во првата од двете нејзини фотографии, 42-годишната ѕвезда од „Pitch Perfect“ го покажа импресивниот свршенички прстен што ѝ го подарила на својата партнерка.

284

Актерката и комичарка Ребел Вилсон објави дека се свршила со својата девојка Рамона Агрум.

Во првата од двете нејзини фотографии, 42-годишната ѕвезда од „Pitch Perfect“ го покажа импресивниот свршенички прстен што ѝ го подарила на својата партнерка.






Актерката, која неодамна откри дека се чувствувала непријатно додека ја користела апликацијата за запознавање Raya, сподели и фотографија направена набргу откако ѝ го поставила „големото прашање“ на девојката за време на патувањето во Дизниленд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Ребел потоа изрази благодарност до „Тифани енд ко“ за прстенот и до Боб Игер и тимот на „Дизни венчавката од бајките“ што го направиле нејзиниот предлог уште помагичен.

Актерката сподели и неколку фотографии направени во текот на патувањето во Дизниленд со својата свршеница.

Ребел Вилсон во ноември објави дека го доби своето прво дете, доби ќерка од сурогат-мајка.

Инаку, Ребел претходно беше во врска со наследникот на „Бадвајзер“, Џејкоб Буш.

Поврзани содржини