РЕКОРДНО НИСКА ПОПУЛАРНОСТ НА МАКРОН На Французите не им се допаѓаат неговите постапки

Само 18 отсто од граѓаните ги одобруваат постапките на франускиот претседател Емануел Макрон.

2

Според најновото месечно истражување на агенцијата Ипсос BVA-CESI, постапките на францускиот претседател Емануел Макрон се негативно оценети од 79 проценти од француските испитаници, а неговата популарност во моментов е на најниско ниво.

Според истражувањето објавено денеска, Макрон достигнал рекордни нивоа на непопуларност, со 18 проценти позитивни оценки во споредба со 79 проценти неповолни, што е за два поени повеќе отколку во декември.






– Она што е впечатливо е кршливоста на неговата сопствена база поддржувачи – изјави извршниот директор на Ипсос, Брајс Тентури.

Поврзани содржини