ЦЕЛ ПЕКИНГ ИМА САМО 5 ЗАРАЗЕНИ Кина бележи рекорден пад на дневните случаи

Не е регистриран ниту еден нов смртен случај. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени случаи во Кина изнесува 105.484, како локални, така и увезени од странство. Иако Кина е меѓу земјите кои имаат мала локална преносливост, земјата е претпазлива. Претходно, беа воведени национални стратегии за затворање на цели заедници и деловни активности.

479

Кина денеска го потврди најмалиот локален број дневни случаи на коронавирус во речиси два месеци. Земјата вчера имала само 23 локални инфекции, а претходниот ден бројката изнесувала 43, со што четири дена по ред се намалува бројот на симптоматски случаи. Пекинг вчера извести за пет случаи, за два повеќе од претходниот ден.

Воедно, ова е и најмалата бројка на дневна основа од 29 ноември минатата година. Под 10 случаи се регистрирани во централната провинција Хенан и во северниот град Тијанџин. На овие места во последните десет дена евидентирани се најмногу локални трансмисии во Кина.






Не е регистриран ниту еден нов смртен случај. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени случаи во Кина изнесува 105.484, како локални, така и увезени од странство. Иако Кина е меѓу земјите кои имаат мала локална преносливост, земјата е претпазлива. Претходно, беа воведени национални стратегии за затворање на цели заедници и деловни активности.

Поврзани содржини