Рекордни над 100.000 нови заразени во Индија за шест дена

Властите во државата Карнатака најавија задолжително носење електронски алки за лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, откако било забележано дека оваа мерка воопшто не се почитува.

204

Индија веќе осум дена по ред бележи рекорден пораст на бројот на заразени со коронавирус, откако во последните 24 часа се потврдени уште 19.459 заболени лица, соопшти индиското Министерство за здравство.

Властите во државата Карнатака најавија задолжително носење електронски алки за лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, откако било забележано дека оваа мерка воопшто не се почитува. Во текот на викендот во главниот град на оваа држава, Бангалоре се потврдени над илјада новозаразени и седум смртни случаи. Таквата ситуација предизвикала загриженост кај властите на Карнатака, каде досега бројките во врска со епидемиолошката ситуација биле релативно ниски во споредба со другите индиски држави.






Како што објави Си Ен Ен, во Индија во последните шест дена се регистрирани над 100.000 нови случаи на зараза со коронавирус.

Според официјалните податоци на индиското Министерство за здравство, во земјата од почетокот на епидемијата се потврдени 548.318 заразени лица, починале 16.475, а повеќе од 320.000 се излекувани.

Поврзани содржини