Рекордни 67 пациенти со корона примени вчера во болниците во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.082.

632

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.082 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.






Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 приеми, 12 на Инфективната клиника и во Козле два приема.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент од ковид-центрите во Скопје.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и на ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 58 пациенти, во Штип 46, во Тетово 22, во Велес 50, во Куманово 92, во Охрид 90, во Прилеп 89, во Гостивар 23, во Струга 22, во Струмица 34, во Кочани и во Кичево по 7, во Кавадарци 64, во Гевгелија 15.

Поврзани содржини