Рекордни 496 тестирања за еден ден, нови 48 заболени, вкупно 711 во земјава

748

Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на ковид-19 се испишани тројца оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекувал во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид – 1, Гостивар -2.






Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 284
Куманово – 168
Дебар – 49
Штип-21
Прилеп –50
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 18
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –6
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип – 1

Од 496 тестирања, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет – 9, Авицена – 14 , Биотек – 24  и Жан Митрев – 96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на ковид-19.

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани две претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа, Струга (63) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерашниот ден.

Поврзани содржини