Рекордни 40 починати и 591 новозаболени од ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, на починати е 1.345, а бројот на активни случаи изнесува 18488.

1,526

Во последните 24 часа се направени 1.683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19. Починати се 40 лица и 439 се оздравени, информира Министерството за здравство.

Од новозаразените во Скопје е 218, Куманово 47,  Штип 21, Прилеп 26, Тетово 28, Струга 2, Велес 24, Битола 36, Охрид 2, Кавадарци 9, Гостивар 46, Струмица 22, Крива Паланка 4, Радовиш 1, Крушево 2, Кочани 9, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 1,  Валандово 5, Виница 10, Делчево 5,  Кратово 1, Свети Николе 16, Кичево 29, Ресен 6, Неготино 15.






Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје 102, Штип 22, Прилеп 42, Тетово 49, Струга 21, Велес 36, Охрид 51, Кавадарци 22, Гостивар 2, Гевгелија 2,  Струмица 33, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Кочани 20, Пробиштип 5, Пехчево 1, Берово 5, Свети Николе 4, Неготино 14.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, на починати е 1.345, а бројот на активни случаи изнесува 18488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 20.849, активни 8.614  Куманово 3.101, активни 890, Дебар 418, активни 102, Штип 2.199, активни 509, Прилеп 2.180, активни 879, Тетово 3.181, активни 1.032, Струга 1.097, активни 289, Велес 1.469, активни 762, Битола 1.381, активни 731, Охрид 1.157, активни 486, Кавадарци 895, активни 404, Гостивар 1.788, активни 605 Гевгелија 573, активни 221 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 1.379, активни 637, Крива Паланка 333, активни 104, Радовиш 344, активни 128, Крушево 70, активни 39, Кочани 1.031, активни 320, Пробиштип 294, активни 94, Демир Хисар 148, активни 69, Македонски Брод 131, активни 27, Пехчево 87, активни 2, Берово 285, активни 77, Валандово 142, активни 49, Виница 287, активни 133, Делчево 353, активни 168 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 128, активни 82, Свети Николе 663, активни 195, Кичево 969, активни 445, Ресен 349, активни 135, Неготино 355, активни 236 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.683 теста се преку: ИЈЗ 692, ЦЈЗ Скопје 33, Авицена 0, Биотек 46, МАНУ  130, Жан Митрев 199, Систина со PCR метода  311, лабораторија Лаор 0, Судска медицина 0, ЦЈЗ Битола 38, Инфективна клиника 6, ГАК 0, Синлаб 207, Ремедика 0, лабораторија болница Козле 0, ЈЗУ (рапид тест)  21, УК Пулмологија со алергологија  0, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје). Чаир 529, Гази Баба  1.216, Аеродром 1.294, Карпош  1.110, Центар 1.083, Кисела Вода  1.050, Ѓорче Петров  713, Бутел  454, Шуто Оризари  146, Студеничани 41, Сарај  118, Арачиново 27, Илинден  212, Сопиште  63, Чучер Сандево  92, Петровец 90, Зелениково 55, Странец  149, Нераспределен 172.

 

Поврзани содржини