Рекордни 4.080 новозаболени и 48 починати во Хрватска

240

Во Хрватска во последните 24 часа се пријавени 48 смртни случаи и 4.080 новозаразени со коронавирус, соопшти Државниот штаб за граѓанска безбедност.

Активни се 22.408 случаи, а хоспитализирани се 2.240 пациенти, од кои 266 на респиратор.






Од 25 февруари во Хрватска до денеска се регистрирани вкупно 119.706 лица заразени со коронавирусот, од кои 1.600 починаа.

Вкупно излекувани се 95.698 лица од кои 3.349 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално има 51.514 лица. Тестирани се вкупно 724.820 лица, од кои 11.091 во последните 24 часа.

Поврзани содржини