РЕКОРДНИ 390.000 ЕВРА ЗА ИНВЕРТЕРИ ЗА СКОПЈАНИ Новото градско раководство е решено да се бори со загадувањето

Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години.

554

Од Град Скопје денеска реагираат на според нив, информациите пласирани од СДСМ во однос на својот буџет со кој Градот ќе се бори против загадувањето на воздухот. Тие потсетуваат дека Градот за првпат ќе издвои 390.000 евра за субвенции за инвертери во идната 2022 година, сума која во времето на Шилегов била обезбедувана од Владата наместо од градот.

Во продолжение ја пренесуваме целосната реакција на Град Скопје:






„Град Скопје за наредната година издвојува рекордна сума буџетски средства за субвенции за инвертери.

Рекордни 24 милиони денари свои средства издвојува Град Скопје од буџетот за 2022-ра година за субвенции за купување инвертер клима уреди. Ова е најголема сума на средства кои биле издвоени во изминатите години.

Град Скопје од свои буџетски средства оваа година издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за купување на инвертер клима уреди, за разлика од претходните две години, кога во буџетот за оваа мерка немаше воопшто средства на Град Скопје, односно парите за субвенции беа обезбедени од Владата.

Од својот буџет Скопје последен пат финансии за оваа точка издвоил во 2019-та година кога беа дадени 20 милиони денари.

Сумата која беше издвоена во 2018-та година беше уште помала, односно само 10 милиони денари.

Во четири години водење на Град Скопје од поранешниот градоначалник Петре Шилегов за субвенции за инвертер клима уреди од пари на Градот издвоени беа вкупно 30 милиони денари, додека сега, само за 2022 година се предвидени 24 милиони денари“, се вели во денешното соопштение од Градот.

Поврзани содржини