Рекордни 317 заразени од коронавирусот, починаа четворица

1,838

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19.

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59), Струга(65.), двајца пациенти од Гостивар (71 и 76).






Во Скопје има 182 новозаразени, Куманово 12, Дебар 3, Штип 13, Прилеп 5, Тетово 8, Велес 7, Битола 6, Охрид 1, Кавадарци 4, Гостивар 11, Гевгелија 12, Струмица 12, Крива Паланка 3, Радовиш 5, Кочани 18, Валандово 3, Делчево 2, Свети Николе 4, Кичево 4, Ресен 1, Неготино 1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје 24, Куманово12, Штип 3, Прилеп 14, Тетово 8, Струга 3, Велес 3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија 1, Струмица 4, Радовиш-4, Кочани 6, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 2, Виница 1, Кичево 1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се дете и мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Поврзани содржини