РЕКОРДНИ 19,9 МИЛИОНИ ЕВРА НАПЛАТЕНИ ОД РУДАРСКИ КОНЦЕСИИ ВО 2025 ГОДИНА Голема придобивка за општините на чии територии се рудниците
Според Министерството, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии при што вкупно се наплатени 1.223.455.203 денари (околу 19,9 милиони евра) за разлика од 2024 година кога биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717 денари (околу 9,2 милиони евра), што е зголемување од 218%.
Лани се наплатени вкупнo 1.223.455.203 денари (околу 19,9 милиони евра) од концесии за експлоатација на минерални суровини, што споредено со претходните години е рекорден износ.
Според Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии при што вкупно се наплатени 1.223.455.203 денари (околу 19,9 милиони евра) за разлика од 2024 година кога биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717 денари (околу 9,2 милиони евра), што е зголемување од 218%.

Извор: Министерство за енергетика и рударство
Бројките, како што Министерството за енергетика и рударство, претставуваат историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии.
– Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностраниот раскин на 46 договори со концесионери како и новиот Тарифник со кој се зголемени износите на концесискиот надоместок до 100% – велат од Министерството за енергетика и рударство.
Зголемената наплата, велат оттаму, директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работа концесионерите.
– Тоа ги зголемува инвестициите во комунална инфраструктура и е поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори – велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека една од придобивките е и тоа што се обезбедени повеќе пари за заштита на животната средина.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси.