РЕКОРДНИ 1.964 НОВОЗАРАЗЕНИ ЗА 24 ЧАСА Короната одзеде 13 животи, најмладиот починат пациент има 39 години
Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.
Рекордни 1.964 новозаразени со коронаирусот се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Како што е наведено во соопштението, во последните 24 часа починале 13 лица, а поради технички проблеми во системот, во денешната статистика не се евидентирани оздравени лица.
„Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19: Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по – 2, Демир Капија – 1. Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82 и 87), 2 починати лица од Прилеп (74 и 86) и по едно починато лице од Ресен (67), Струга (71) и Крива Паланка (39). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66 и 78) и по едно починато лице од Скопје (71), Битола (78), Делчево (70) и Кавадарци (76), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови“, се вели во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)