РЕКОРДНАТА СУША ЈА ПРЕПОЛОВИ АМАЗОН Најголемата река сега е најплитка во последните 120 години

Сериозната суша во Јужна Америка летово предизвика огромни шумски пожари во Бразил, а нивото на Амазон во Манус е само 16,22 метри, речиси двојно пониско од просечното ниво од 21 метар.

275

Потпросечните врнежи во изминативе месеци доведоа до силна суша во Јужна Америка.

Ситуацијата е сериозна во многу региони на континентот и повеќе притоки на реката Амазон се пресушени.






Нивото на водата во реката Амазон опаѓа со месеци и го достигна најниското ниво во последните 120 години.

На пристаништето Манус сегашниот водостој е 12,66 метри, додека просечното ниво е 21 метар. Се очекува нивото на водата да продолжи да се намалува во текот на следните неколку недели.

Големата суша неодамна предизвика големи шумски пожари во Бразил.

Поврзани содржини