РЕКОРДНА ЗАРАБОТУВАЧКА И НЕВЕРОЈАТЕН СПЕКТАКЛ „Спајдермен“ заработи 253 милиони долари за еден викенд (ФОТО)
„Spider-Man: No Way Home“ е третиот филм во кој популарниот Спајдермен го игра Британецот Том Холанд.
Најновиот филм за авантурите на човекот-пајак Спајдермен, „Spider-Man: No Way Home“, го постигна третиот најдобар резултат на сите времиња во Северна Америка, заработувајќи 253 милиони долари за време на викендот, покажува привремената проценка на специјализираната агенција „Exhibitor Relations“, објавена во неделата.
Овој филм, кој со нетрпение го чекаше Холивуд и филмската индустрија, го надминаа само „Avengers: Endgame“ (357 милиони долари) и „Avengers: Infinity War“ (258 милиони) во аналите на најгледаните филмови во САД и Канада, наведува веб-страницата „Box Office Mojo“.
Ова е и најгледаниот филм на студиото „Сони“, пишува „Дедлајн“.
„Spider-Man: No Way Home“ е третиот филм во кој популарниот Спајдермен го игра Британецот Том Холанд. И последните епизоди во кои Тоби Мекгваер и Ендру Гарфилд носеа црвен костим, доживеаја рекордна гледаност во кината.
Приказната е продолжение на делото „Далеку од дома“ од 2019 година, со Спајдермен, чиј вистински идентитет, Питер Паркер, јавно го открива злобната Мистерија. Средношколецот очајнички се обидува повторно да стане анонимен со помош на уште еден лик на „Марвел“, Др. Стрејнџ кога го игра Бенедикт Камберач.