РЕКОРДНА НЕИЗЛЕЗНОСТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА Загрозено е мнозинството на Макрон во Собранието

Лево-зелената алијанса на Жан-Лик Меланшон ќе освои 25-26% гласови, слично како коалицијата на Макрон, Заедно. Актуелниот претседател тешко дека ќе стигне до потребните 289 пратеници за да има мнозинство.

565

Емануел Макрон се соочува да го изгуби мнозинството во Националното собрание, бидејќи е израмнет со левичарската коалиција по денешниот прв круг од парламентарните избори во Франција, покажуваат првите резултати.

Гласањето беше одбележано со рекордна неизлезност од околу 51,5 отсто, според последните проценки.






Лево-зелената алијанса на Жан-Лик Меланшон ќе освои 25-26% гласови, слично како коалицијата на Макрон, Заедно. Актуелниот претседател тешко дека ќе стигне до потребните 289 пратеници за да има мнозинство.

Вистината на крајот од првиот круг е дека партијата на претседателот е поразена. Излезете на гласање следната недела за целосно да ги отфрлиме ужасните политики на мнозинството на Макрон – изјави Меланшон, кој беше трет на претседателските избори.

Макрон го освои вториот претседателски мандат во април, но без апсолутно мнозинство во собранието ќе има големи проблеми да ги спроведе најавените реформи. Тој планира постепено зголемување на возраста за одење во пензија од 62 на 65 години, додека Меланшон вети дека ќе ја намали на 60 години.

Макрон неодамна ја претстави својата нова влада на чело со Елизабет Борн, но таа и другите 14 министри мора да ги задржат местата во парламентот за да останат на функциите.

Според последните проценки на Ифоп Фидусиал за резултатите од првиот круг на законодавните избори во 2022 година, кои се одржаа денеска во Франција, Нупес (социјалисти, бунтовна Франција, Зелени и Комунисти) на Жан-Лук Меланшон ќе успее да се искачи на врвот (26,1 отсто) на ниво на Франција. Обединетата левица на тој начин ќе ја надмине макронистичката конфедерација „Заедно!, која ќе заврши на второто место (25,6 отсто). Веднаш потоа следува Националниот собир на Марин Ле Пен со (19,2 отсто), пред Републиканците кои се со (11,3 отсто).

Како што се оформува во оваа фаза, мапата на Франција од 577 изборни единици треба да доведе во вториот круг – закажан за недела на 19 јуни – мнозинство за реизбраниот претседател на Републиката: Заедно! ќе соберат според проценката меѓу 275 и 310 места.

Околу 48 милиони гласачи беа повикани на гласање денеска.

Поврзани содржини