РЕКОРДНА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2024 ГОДИНА Мицкоски очекува историски бројки, најдобри во последниве 20 години

Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра. Тоа е е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и е рекорд во изминативе дваесет години, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

421

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, соопшти утрово премиерот Христијан Мицкоски.

„Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра. Тоа е е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и е рекорд во изминативе дваесет години. Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.






Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда, заедно за работа која носи дела, порача Мицкоски.

Поврзани содржини