Синди Џексон (64) е запишана во Гинисовата книга на светски рекорди како личност која имала најмногу пластични операции – дури 47, а на нив потрошила околу 60.000 евра.
Од 1987 година имала 14 операции, вклучувајќи три лифтинзи на лицето, две операции на носот, импланти во образите и корекција на подбрадокот. Се подложила и на низа нехируршки зафати како хемиски пилинзи и полутрајна шминка.
Сега се надева дека нејзиниот рекорд ќе го преземе Родриго Алвес кој се прослави како „човечкиот Кен”, а од неодамна сака да стане Барби.
– Не можам да се сетам на сите операции. Тоа е како да прашате некој колку пати се потстрижил во последните 30 години. Повеќе нема официјално да ги објавувам своите операции, бидејќи доста ми е од тоа да сум позната како кукла Барби. Не сакам да бидам вклучена во натпревар. Мислам дека некои луѓе, како Родриго, одат „под нож“ за да го урнат рекордот – изјавила Синди.
Таа тврди дека отсекогаш се стремела кон природниот изглед и дека не е зависна од пластични операции.
– За мене сите операции кои не изгледаат природно се неуспешни – додала таа.
Синди го искористила своето искуство со козметичките зафати за со советување да им помогне на другите да остварат што поприродни резултати, без видливи лузни и други траги од операција.
FOTO: Instagram