Рекорден број на новозаразени во Албанија, десет починати во Косово

2,459

Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со ковид-19.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија.






И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се 57 од новозаразените, а ново жариште повторно станува Драч, каде има 15 новозаразени.

Во исто време починале четворица, додека оздравеле девет пациенти.

Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 10 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на ковид-19 достигна до 236.

Поврзани содржини