РЕКОРДЕН БРОЈ КРВОДАРИТЕЛИ ВО ХОТЕЛ КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ Петта крводарителска акција на вработените

73

Хотел „Фламинго“ казино и Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и вчера успешно ја реализираа петтата по ред традиционална крводарителска акција, која оваа година достигна рекорден одѕив.

Вкупно 91 хуман граѓанин, од кои 70 се вработени во хотелот „Фламинго“ казино, се приклучија на акцијата и даруваа крв, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи.






Крводарителската акција се одржа во просториите на хотелот „Фламинго“ казино Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија.

– Оваа акција, најмасовна досега, претставува значаен чекор во поттикнувањето на крводарителството и создавањето сигурни резерви на крв за оние на кои им е најпотребна. Како компанијата сме горди што сме дел од оваа хумана активности и што на овој начин можеме да вратиме кон заедницата во која што што деловно сме активни. Како општествено одговорна компанијата и во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од донаторски и хуманитарни активности – вели Елена Mинева од хотелот „Фламинго“ казино.

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија изрази длабока благодарност до сите доброволци кои ја поддржаа акцијата и со својот хуман гест помогнаа во мисијата – крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв.

– Оваа успешна соработка со хотелот „Фламинго“ продолжува и во иднина, со заедничка цел – поддршка на здравствениот систем и унапредување на крводарителската култура во општеството – велат од ОО Црвен крст Гевгелија.

Оваа акција уште еднаш ја потврди заложбата на Казино хотел „Фламинго“ за реализација на иницијативи за градењето похумано и посолидарно општество.

Поврзани содржини