Ентериерното уредување на Офицерскиот дом е во завршна фаза, а во предлог-буџетот, кој треба да биде усвоен од Советот на Битола се предвидува средства и за завршување на партерното уредување околу домот. за ова денеска биле информирани премиерот Зоран заев и министерката за култура Ирена Стефоска при увидот на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола.
Констатирано е дека овој објект е од големо значење за битолчани и дека неговото постоење е совршен спој на минатото и сегашноста, на културата, традицијата и историјата. Започнат во времето на Отоманската империја и изграден за време на српското владение на овие простори во 1919 година, Офицерскиот дом, кој се користел за балови, а има најсоодветна акустична сала за концерти ќе биде ставен во функција во 2021 година.
На одржаната презентација беа конкретизирани одредени намени на објектот и неговата околина, во однос на функционалноста и одржливоста, кои понатаму се доработуваат и преку проектната документација ќе бидат доставени до Светска банка и делегацијата на ЕУ.
Офицерскиот дом се реконструира со средства кои Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Петровска, ги обезбеди со изготвениот проект за кој доби подгрант средства од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија (администриран од Светска банка).