РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ПО ИЗБОРИТЕ Касами и Арифи немаат ништо против

Тој зборуваше дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови.

603

Сите партнери во владата ќе треба да видат каде згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не?, рече кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами од БЕСА во емисијата 24 анализа.

Тој зборуваше дека не смее да се профитира на сметка на тетовската трагедија и да се добиваат гласови. На прашање дали доколку тој би бил премиер ќе ја прифател оставката на министерот Венко Филипче, рече дека ситуацијата е комплексна со оглед на тоа што е пандемија и во тој период бевме пред локални избори.






– Нашето постоење е да понудиме решение за актуелните проблеми. Во врска со оставките на министерот и заменикот, ситуацијата е покомплексна и секоја прифатена оставка би ги оставила интитуциите во незавидна ситуација. Во моментот кога ќе завршат изборите, треба да се разгледа оваа ситуација и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во изборните резултати. Сите партнери во владата ќе треба да видат каде се згрешиле за да прават комбинаторики во партиите. Ако оцениме дека треба реконструкција, зошто да не? – рече Касами.

Теута Арифи, кандидатка за втор мандат во Тетово рече дека во моментот сѐ уште не се разговара за реконструкција на Владата, но дека тоа е прашање прво на премиерот, на министрите па после тоа, нормално и на политичките партии во зависност од текот на настаните.

Поврзани содржини