РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦВЕТАН ДИМОВ И АМБУЛАНТА ВО ЧАИР И ТОПААНА Арсовска се сретна со чаирчани

  Арсовска истакна дека еден од приоритетните проекти од нејзината програма за Чаир и Скопје е Старата чаршија која мора да стане култно место за градот, велејќи дека со тоа ќе го врати соживотот во Скопје. 

635

Мој врвен фокус ќе биде проширување и реконструкција на една од главните артерии на градот булеварот Цветан Димов. Оној ист булевар кој го ветија и го заборавија. Ќе го опремиме со уште по една дополнителна лента, како и надвозник од мостот Битпазар до Христијан Тодоровски Карпош, рече Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје во своето обраќање пред граѓаните на општина Чаир.

– Оваа делница ќе претставува ефикасен и брз конектор на општините Чаир, Бутел и Центар. Вистински ќе изградиме, заедно со општината Чаир, нови катни гаражи и паркиралишта кај Чаирчанка, амбулантата во Чаир и Топанско поле. Ќе проектираме и нов крак на улицата Боца Иванова од кружниот тек до булеварот Христијан Тодоровски Карпош, ќе ја прошириме Македонско-Косовска бригада и ќе обезбедиме брз и лесен превоз на сите граѓани. Но, нема да ги заборавиме и новите велосипедски патеки кои ќе го поврзат Чаир со Центар и Бутел – изјави Арсовска.






 Арсовска истакна дека еден од приоритетните проекти од нејзината програма за Чаир и Скопје е Старата чаршија која мора да стане култно место за градот, велејќи дека со тоа ќе го врати соживотот во Скопје. 

 – Ние мораме да ги вратиме луѓето во чаршијата. Да стане култно место. Од исклучителна важност е да ја заживееме чаршијата и занаетите, да ја зголемиме нејзината туристичко-економска понуда и да ја направиме уште еднаш свртувалиште на сите скопјани. Градот ќе посвети дополителна грижа, во рамки на своите надлежности, на зачувување и популаризација на Куршумли Ан, Капан Ан, Сули Ан, Чифте Амам, Даут-пашин Амам и Безистенот. Ќе работиме и на целосно соодветно осветлување на чаршијата, поддршка и промоција на старите занаети, олеснување на пристапот до чаршијата и нејзина популаризација. Ќе дадеме и поддршка за организирање на голем број културни настани на просторот на Старата чаршија. Тука повторно ќе го оживееме соживотот во Скопје – вели таа. 

 Арсовска од Чаир јавно упати прашања до актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов за сите ветени а нереализирани проекти кои во јавноста ги претставува како реализирани проекти со 3Д анимации и сликички. 

 

– Каде ви е ветеното ново сообраќајно решение кај Јаја-паша кое требаше да ја намали гужвата? Каде ви се монтажни паркинзи „Чаирчанка“ и „Џон Кенеди“? Каде ви е зиплајнот преку Вардар? Каде ви е сообраќајницата кај Мавровка? Не ви е среден ниту кејот кај Серава за да ги поврзете трите општини на нејзиниот брег. Заради бизнис интересите на неколку моќници – ни тоа не го испорачавте. Вие дури не бевте способни да испорачате ниту по едно јаболко за средношколците – додаде Арсовска, порачувајќи му на Шилегов дека скопјани се умни луѓе и веќе никој не верува на неговите лажни ветувања ниту пак имаат очекувања од него.

 

Поврзани содржини