РЕКОНСТРУИРАНО ЛИЦЕТО НА ТИНЕЈЏЕРКА ПОЧИНАТА ПРЕД 1.300 ГОДИНИ Била погребана со неверојатно редок златен крст на градите
Пред повеќе од една деценија, британските археолози останаа запрепастени кога пронајдоа останки на 16-годишна англосаксонска девојка во Кембриџшир која била погребана помеѓу 650-та и 680-та година од нашата ера и се претпоставува дека припаѓала на повисокиот сталеж.
Реконструкцијата на лицето откри како изгледала девојката која починала пред повеќе од 1.300 години. Нејзиниот скелет беше пронајден во 2012 година закопан на дрвен кревет, со златен и гранат крст на градите во Трампингтон, Велика Британија.
Пред повеќе од една деценија, британските археолози останаа запрепастени кога пронајдоа останки на 16-годишна англосаксонска девојка во Кембриџшир.
Девојката била погребана во селото Трампингтон помеѓу 650-та и 680-та година од нашата ера и се претпоставува дека припаѓала на повисокиот сталеж бидејќи на градите носела многу редок и вреден златен крст.

Артефактите од погребот на жената, вклучувајќи го и нејзиниот познат крст, ќе бидат откриени на голема нова изложба во Музејот за археологија и антропологија во Кембриџ. Крстот е комбинација од злато и прекрасни скапоцени камења познати како гарнати што му дава посебна вредност, пишува Дејлимејл.
Научниците го анализирале черепот на девојчето и создадоа реконструкција од која се гледа како изгледала девојката пред нејзината прерана смрт.
Археологот и специјалист за англосаксонскиот период д-р Сем Луси вели дека е навикната на луѓе без лица, па навистина било убаво да се види како таа навистина изгледала. Форензичарот Хју Морисон го создаде моделот користејќи мерења на податоците за длабочината на черепот и ткивото на младата жена за бели жени, пишува Би-Би-Си.
– Нејзиното лево око беше малку пониско, околу половина сантиметар, од десното око – тоа ќе беше прилично забележливо во животот- рече Морисон.
Новата специјалистичка анализа на коските и забите на тинејџерка од VII век откри повеќе за нејзиниот краток живот. Таа е родена во близина на Алпите, веројатно во јужна Германија, а потоа се преселила во мочуришните низини на Кембриџшир, во некој период откако наполнила седум години.
Покрај тоа, нејзината исхрана се променила кога дошла во Англија
– Сега знаеме дека содржината на протеини е намалена, што сугерира дека јадела повеќе месо и млечни производи додека била во јужна Германија отколку кога пристигнала во Трампингтон – вели д-р Сем Луси.
Студиите на Универзитетот Кембриџ објавени минатата година покажаа дека англосаксонските кралеви главно биле вегетаријанци пред да се населат Викинзите. Истражувачите веќе знаеле од претходните анализи дека девојчето боледувало од непозната болест пред нејзината смрт.
Доктор Сем Легет, која помагала во изотопската анализа на Универзитетот во Кембриџ пред да се пресели на Универзитетот во Единбург открива и дополнителни детали до кои дошле преку анализата.
– Веројатно била многу болна, поминала долг пат до некое сосема непознато место – дури и храната била многу поразлична – таа мора да било застрашувачко – вели д-р Лагет.
Погребот е еден од само 18-те такви погребувања откриени досега во Велика Британија, додека златниот крст укажува на нејзиното христијанство – и нејзиното аристократско или кралско потекло.
Истражувањето на европските погребувања на кревети сугерира за движење на мала група млади жени од високата класа од планинска област во континентална Европа во регионот на Кембриџ во третата четвртина од седмиот век, појаснуваат научниците.
Жената можела да пристигне како невеста или за да се придружи во манастирот во блиската опатија Ели, и затоа е дел од „пан-европската мрежа на елитни жени кои беа силно вклучени во раната црква“.
-Таа е прекрасен пример за оживување на минатото – вели д-р Луси.
Артефактите пронајдени во гробот, вклучително и „Трампингтон крстот“ ќе бидат изложени на изложба која ги претставува трагите од тоа каде луѓето живееле, работеле и умреле во текот на илјадници години во Кембриџшир.