РЕК БИТОЛА РАБОТИ СО ЕДЕН БЛОК Се сервисира Блокот1
Застојот во производството од овој блок, како што е соопштено, е предвидено да трае во наредните 24 часа.
Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата, поради што ќе има застој на производството на електрична енергија од оовј блок, информира РЕК Битола.
Застојот во производството од овој блок, како што е соопштено, е предвидено да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2 на комбинатот.
„Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи“, се наведува во соопштението.