РЕК БИТОЛА Е НАДВОР ОД ФУНКЦИЈА Трите блокови се исклучени од мрежа, струја не се произведува

Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектира проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

987

Од ноќеска трите блока во РЕК Битола се надвор од мрежата. Информацијата ја потврди и  ЕСМ, а реагираа и  партиите кои се препукуваат преку соопштенија.

„Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8.22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција.  Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. Благодарение на навременото активирање на  заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од стручните екипи на ТЕ Битола, станува збор за надворешни причини кои дополнително ќе се утврдуваат. Во моментов течат операции за повторно вклучување  на ТЕ Битола 1 во електроенергетската мрежа. Веднаш по синхронизацијата на ТЕ Битола 1 во електронергетскиот систем, во текот на денот ќе почнат операции за вклучување на ТЕ Битола 3, кој согласно планот за производство изминатите денови не беше во функција“ соопштија од ЕСМ.






Опозициската СДСМ утрово објави дека ниту еден од блоковите 1,2 и 3 не е приклучен на мрежа.

„Среде грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи. ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100% домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа“, обвини СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, за лошата состојба ја обвинија поранешната власт која ја предводеше СДСМ.

„СДСМ, кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите. Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДСМ и ДУИ. Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектира проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Поврзани содржини
na