РЕИЗБОР ВО КРИВИЧЕН ВО СКОПЈЕ Судијата Трпков пак ќе биде претседател на подружницата на судии

364

Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје на денешната седница повторно го избра за претседател на подружницата, судијата Илија Трпков.

Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.






„Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме“, се наведува во соопштението од подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје. 

Поврзани содржини