Регулатрона ја зголеми цената на струјата на 6,69 денари со надеж на понизок ДДВ за струјата

Законот со кој се намалува ДДВ за струјата од 18 отсто на 5 отсто сѐ уште не е донесен, а какви ќе бидат сметките на граѓаните за јули ќе се види по еден месец.

912

ЕВН Хоме од 1 јули ќе пресметува за 12,36 отсто повисока цена на потрошениот киловатчас електрична енергија кај домаќинствата. Ова го предвидува  Регулаторната комисија за енергетика  која  го одобри регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН Хоме.

Според оваа одлука,  цената на струјата која ќе им се пресметува на домаќинствата од 1 јули годинава до 30  јуни следната година  во високата тарифа ќе изнесува 6,69 денари, односно 3,36 денари за киловат за ниска тарифа. Кај домаќинствата со еднотарифно броило ќе се пресметува цена од 5,36 денари за киловат.






Досегашната  цена на струјата кај високата тарифа изнесуваше  5,95 денари за киловатчас и 2,99 денари во ниската тарифа.

Од Регулаторната комисија за енергетика денеска појаснија дека намалениот Данок на додадена вредност за струјата од 18 отсто на 5 отсто ќе го анулира ова зголемување на цената на струјата за домаќинствата  и сметките за потрошени исти киловатчасови струја ќе бидат исти.

Со оглед дека законот со кој се намалува ДДВ за струјата од 18 отсто на 5 отсто сѐ уште не е донесен, прашање е дали првиот месец за граѓаните сметките ќе бидат исти како и сега за ист број на киловати потрошени во текот на месецот.

Регулаторите информираа и дека евтината струја останува и оваа година во истите термини како и досега.

Поврзани содржини
na