Регулаторна за енергетика: ВМРО-ДПМНЕ ги извртува наводите од Извештајот на ЕК
ОД РКЕ велат дека потврда за работатa на РКЕ е нотирана во Извештајот, исто како што е нотирана и попреченоста во работата од политичките притисоци кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави преку протестите кон Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) го отфрла контекстот на објавата на партиската Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ со кој, како што наведува, се извртуваат наодите во извештајот на Европската комисија.
„Потврдата за работатa на РКЕ е нотирана во Извештајот, исто како што е нотирана и попреченоста во работата од политичките притисоци кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави преку протестите кон Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со оглед дека РКЕ навремено ги извести сите меѓународни институции и амбасади како и Енергетска заедница за притисоците од страна на ВМРО ДПМНЕ, тие се пренесени логично и во Извештајот на Европската комисија“, наведува РКЕ.
Регулаторна комисија за енергетика и порачува на ВМРО ДПМНЕ да го прочита Извештајот и на Енергетска заедница кој е основа за изготвување на Извештајот во делот на енергетика што го објавува Европската комисија.