Регулаторна го демантира Стоилковски
Не сакаме да веруваме дека г-динот Стоилковски кој е претставник на една сериозна партија со умисла и намерно ја доведува јавноста во заблуда. Претпоставуваме дека станува збор за неинформираност и непознавање на секторот.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги демантира информациите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
„Во процесот на издавање на сите лиценци воопшто се води од стандардите кои се предвидени во Законот за енергетика и соодветни прописи и истите во целост се применети и за предметната лиценца.
Согласно Законот за енергетика член 38 став 4 „Лиценцата се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енергетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс, како и од барањето доставено од вршителот на енергетска дејност.“
За појаснување – датумот на важење на лиценцата не може да биде подолг од датумот на важење на договорот за закуп или користење на земјиштето или концесијата/јавно приватно партнерство.
Не сакаме да веруваме дека г-динот Стоилковски кој е претставник на една сериозна партија со умисла и намерно ја доведува јавноста во заблуда. Претпоставуваме дека станува збор за неинформираност и непознавање на секторот.
За својата експертиза и професионалност РКЕ се води од референци од Енергетска заедница која три години по ред не прогласуваат за број еден регулаторно тело“, се вели во демантот од РКЕ.