РЕГИСТРИРАНИ НАД 12.000 УДАРИ НА ГРОМ САМО ДЕНЕСКА Дождот не успеа да ги изгаси пожарите предизвикани од невремето

Според Противпожарната служба, неколку мали пожари избувнале како последица од удари на гром во северните предградија Дионис, Маратон и Халандри.

985

Според Националната опсерваторија на Атина, во четвртокот низ Грција биле забележани над 12.000 удари од гром.

Од почетокот на неделата метеоролозите предупредуваат на интензивна активност на грмотевици, а жителите на северна Грција за тоа беа предупредени од итниот број 112 во средата.






Невремето стигна до Атика во четвртокот, најсилно ги погоди североисточните предградија на Атина, а жителите добија и итни СМС пораки. Обилни врнежи беа забележани и на островот Лезбос во источниот дел на Егејското Море и во централна Грција.

Генералниот секретар за цивилна заштита за Катимерини изјави дека предупредувањето за Атика е неопходно поради интензивните громови во областа.

Според Противпожарната служба, неколку мали пожари избувнале како последица од удари на гром во северните предградија Дионис, Маратон и Халандри.

Портпаролот на Противпожарната служба Василис Ватракојанис изјави дека дождот не успеал да ги изгасне овие пожари за што е потребна интервенција на пожарникарите.

📷 📽️ СЦЕНИ КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИ ПРИСТИГНУВААТ ОД ГРЦИЈА! Дождот ги поплави улиците, громовите пукаат, државата е на штрек

Поврзани содржини